Не можел да гледа како се мачи: Таткото признал дека со месеци планирал како да ја убие болната ќерка

popara10 октомври, 20121min00
Marijana_Greguri_

Хрватската полиција разговарала со Јосип Грегуриќ (46) од Сисак, кој на тешко заболената ќерка Маријана (23) и нанел повреди по кои починала.

Локалните медиуми пишуваат дека Грегуриќ изјавил дека повеќе не можел да ги гледа маките на својата ќерка и дека сето тоа го планирал со месеци. Медиумите пренесуваат дека Грегуриќ наскоро ќе биде префрлен на испитување во невропсихијатриска болница.

Засега не е познато колку Грегуриќ ќе остане во болницата, но по излегувањето, со кривична пријава, ќе биде изведен пред државниот обвинител.
Маријана Грегуриќ, која по студиите по економија се занимавала со манекенство и кикбокс, останала неподвижна пред три години, по операција на тумор на мозокот.

Медиумите дознаваат дека Маријана последните денови од својот живот ги поминала во агонија.

“Не реагирала на околината, состојбата нагло и се влошила, а болките и се зголемиле. Дневна светлина гледала само кога нејзиниот татко Јосип, воен инвалид, на рацете ја симнувал од 4-тиот спарт на зградата во паркот пред влезот”.

Таткото во еден момент и дал лекови и ја исекол по рацете, а истото си го направил и на себе. Девојката починала, а нејзиниот татко завршил во болница. Тој е надвор од животна опасност.

Соседите велат дека Јосип премногу ја сакал својата ќерка.

-Не беше пијаница ниту груб човек. Повеќе од било што ја сакаше неговата ќерка. Живееше за Маријана. Замислете како е за родителот да гледа такво дете, изјавила пријателка на мајката на Маријана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma