Компјутерски направената поп сензација Мику Хакуне, и покрај фактот дека реално не постои распродала 10.000 влезници за своите концерти во Токио.
Виртуелната дива стана светски феномен, а јапонските медиуми јавија дека таа ја воодушевува публиката со настапите. Позната под името Мику Хакуне, има зелена коса, а претставува совршен производ на дигиталната музичка индустрија. Сепак, таа е само лик од стрип, а ја дизајнираше јапонската компанија “Crypton Future Media”.
Едноставно кажано, Хакуне е програм кој можете да го купите, а тој ќе ви испее било која песна од вашиот компјутер. Со помош на софтверот “Vocaloid”, Мику го позјамила гласот на Саки Фиџита.
Цена на една влезница за концертот на виртуелната пејачка изнесувала 76 долари. Биле распродадени четри концерти.
На необичниот концерт во кој публиката у живаше, бил користен 3Д модел кој создавал илузија дека Хакуне навистина е на сцената и дека пее. Во публиката немаше само јапонци, се забележале гости од секаде во светот, јаиле јапонските медиуми.
httpv://www.youtube.com/watch?v=a1yDnWPdzbA