Не претерувајте со огледалото – штетно е!

popara10 февруари, 20121min00
2

Огледалце, огледалце, кажи ми кој е најубав на светот? Жените трошиме многу време, гледајќи се во огледало, витрини, телефони, излози…секаде каде ќе можеме да видиме како изгледаме. Но знаете ли дека од гледањето во огледало има повеќе психолошка штета, отколку полза, потврдиле британски научници.  Само 10 минути пред огледалото ја зголемуваат вознемиреноста и луѓето се депресираат дури и кога се задоволни од тоа како изгледаат. Резултатите изненадуваат, бидејќи експертите сметале дека до ваков ефект би можело да се стигне само од долго гледање во огледало.

Познато е дека жените се многу покритични што се однесува на својот надворешен изглед и многу ретко се целосно задоволни од тоа како изгледаат.  Експертите велат дека гледајќи се во огледало ние сме повеќе склони да ги гледаме и да се концентираме на своите недостатоци, а убавите страни некако ги забораваме. Насочувајќи го своето внимание на своите мани, таквите мисли испраќаат импули до мозокот и започнува да намалува нивото на серотонин, што е познат како хормон на среќата и започнува расположението да опаѓа и полека полека да се тргне кон депресија. Затоа тие препорачуваат кога ќе се погледнеме во огледало, најпрво да ги погледнеме своите убави црти, а потоа акните, брчките, лошиот тен и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag