Љубовниот живот на Кети Пери е повторно тема во медиумите.
Популарната пејачка, која се разведе во декември од комичарот Расел Бренд, веќе ја прекина својата нова врска со гитаристот од бендот Florence + The Machine, Роберт Акројд.
“Тоа не беше ништо сериозно. Не прекинаа на лош начин и сеуште разговараат, но Кети го остави. Таа е многу зафатена, а и тој е”, изјави неименуван извор.
Веста за врската меѓу Кети и Роберт дојде откако минатиот месец беа фатени како се бакнуваат и се држат за раце за време на музички фестивал Coachella во Калифорнија.