Фановите на Леонардо ди Каприо со малку подлабоки џебови ова лето ќе бидат во можност да си дозволат еден незаборавен одмор за 75.000 долари – да ја изнајмат куќа на познатиот актер и да останат во неа дури еден месец!
Куќата на Леонардо која што ја издава е на плажа и се наоѓа во Малибу, а има седум спални соби и шест купатила, изјави портпаролот Перез Хилтон.
Никој не знае точно зошто Леонардо ја издава луксузната куќа, но сигурно е дека тој оваа лето нема да го помине во неа туку едноставно сака да заработи дополнителни пари за нејзиното одржување.