Нечуен криминал: Ја заклале девојката, бидејќи одбила да се проституира

popara19 октомври, 20121min00
Najibullah (C), who confessed to murderi

Откако одбила да се занимава со проституција, несреќната девојка брутално била убиена од страна на нејзината свекрва, свекор и сопруг.

Четири лица се уапсени во Авганистан, бидејќи ја обезглавиле 20-годишната девојка која одбила да се вклучи во проституција, а меѓу обвинетите за бруталното убиство е и нејзиниот сопруг.

Девојката Махи Гул (20) е убиена откако нејзината свекрва се обидувала да ја натера да спие со еден маж.

-Ја уапсивме нејзината свекрва, свекор, сопругот и човекот кој ја убил, изјавил шефот на полицијата.

Махи била во брак четири месеци, а нејзината свекрва неколку пати се обидувала да ја принуди на проституција.

Убиството го извршил Ниџибулах, кој рекол дека нејзината свекрва го принудила да ја убие, велејќи му дека се работи за проститутка.

-Беше околу два часот наутро кога сопругот на Махи ја напуштил пекарницата. Отидов долу и со помош на нејзината свекрва ја убив со нож, раскажал Ниџибулах.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag