Една од причините е тоа што сексот носи огромно задоволство за двајцата партнери, особено ако се вљубени. Сексот е еден од столбовите за здрава и стабилна врска. Но сексот не е само тоа! Погледнете колку многу полза ќе имате ако го практикувате почесто:
Сексот го намалува стресот – студиите покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат нормален крвен притисок и отпорност кон стресот.
Сексот ја намалува болката – всушност сексот е најдобриот лек против главоболка. Студиите покажале дека сексот помага при мигрена и при болки во грбот.
Сексот го намалува ризикот од рак на градата – жените кои ретко имаат секс или воопшто немаат, имаат три пати поголеми шанси за развој на рак на градата.
Сексот ја подобрува меморијата – при еден експеримент се покажало дека животните кои почесто имаат секс имаат поголем број неврони во хипоталамусот , дел од мозокот одговорен за меморијата.
Со секс до витка линија – секс наместо гладување? Изгледа како логичен избор. Жените кои редовно имаат секс страдаат многу поретко од излишни килограми.
Сексот штити од настинки – студентите кои правеле секс неколку пати седмично имале 30% повисоко ниво имуноглобулини А, кои го стимулираат имунитетот.
Сексот подмладува – сексот штити од стрес, го подобрува сонот и со тоа човек изгледа свеж и млад. Го штити здравјето на партнерот. Редовниот сексуален живот кај мажите го намалува ризикот од рак на простатата и болести на срцето.
Затоа повеќе секс!