Сакате ли да имате секси задник? На ова прашање се одговара многу лесно, но за убав и стегнат задник се потребни повеќе работи кои треба да се сменат во секојдневниот живот.
Еве неколку совети:
Ваша е одлуката дали ќе се решите за операција или пак со труд и диета, спорт и масажа да го постигнете посакуваниот резултат. Варијантите се неколку.
Масажата е најдоброто средство во борбата со целулитот. Експертите препорачуваат сува масажа со четка од природно влакно што треба да се користи се додека не се зацрвени кожата.
Во почетоткот користете тврда четка, а покасно преминете на четка со тврдо влакно. После масажата нанесете антицелулитен крем.
Следниот важен чекор е диетата. Ограничете ја храната, заборавете на продуктите со многу калории, мастите и конзервирана храна.
Режимот на исхрана треба да содржи многу продукти со целулоза, бидејќи тие го активираат метаболизмот и процесот на согорување на маснотиите.
Ограничете ја максимално конзумацијата на сол, шеќер, кафе и алкохол.
Секси облините не се постигнуваат без учество на физичка активност. Изберете било каков спорт по ваш вкус, но важно е тоа да го правите редовно по три пати седмично најмалку.
Не очекувајте брзи резултати, чуда не се случуваат преку ноќ. Дајте си време 3-4 месеци и ќе бидете задоволни од своето ново тело.