Неколку вистини за лажењето

popara17 јуни, 20121min00
cross-fingers-dishonest

Дури и најискрените луѓе понекогаш лажат, а различните истражувања покажуваат дека возрасните луѓе лажат во просек 10 пати дневно.

Најчесто лажеме кога се во прашање ситници, а тоа го правиме за да избегнеме непријатности и конфликти и за да не повредиме нечии чувства, особено кога станува збор за партнерот. Психолозите истакнуваат дека „белите лаги“ понекогаш се пожелни, а на оние кои не веруваат во ова тврдење им советуваат да се обидат да поминат еден ден без да кажат ниту една лага.

Истражувањата покажуваат дека мажите лажат почесто од жените, бидејки жените се поемотивни и потешко ја поднесуваат вистината, особено кога е во прашање нивниот физички изглед. Од друга страна истражувањата исто така покажуваат дека женит се далеку повешти во лажењето, особено кога станува збор за изневерување.

Кога лажеме, наш најголем непријател е нашето тело, кое често знае да не издаде со повеќе симптоми, како што се потењето, црвенилото на лицето, промена на тонот на гласот, дткањето и погледнувањето настрана.

Затоа, доколку го фатите вашиот партнер како се користи со „ситни бели лаги“ не му/и се лутете, затоа што тоа најверојатно го прави за да има „мир во куќа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag