Не е лесно да се биде партнер на Анџелина Џоли, а Бред Пит овие денови за тоа е свесен повеќе од било кога. Всушност, познато е дека убавата актерка со поранешниот сопруг Били Боб Торнтон разменувала крв, па Бред сега се обидува да биде оригинален.
Ако се за верување американските и британските медиуми, познатиот актер не штеди на својата идна сопруга, па ја изненадил со вреден и скап подарок. Се работи за стрелиште и оружје кое Анџелина го обожува и и служи како справување со стресот.
“На Анџелина оружјето и е афродизијак. Кога тие двајца последнен пат беа во близина на оружје, завршија заедно. Тоа беше на снимањето на филмот ” Г-дин и г-ѓа Смит “, откриваат неименувани извори.
Гордата сопственичка на стрелиште сега ќе може да ужива во оружје и пукање кога и да и падне на памет.