Овој автомобил на Ферари кој дури не е ни црвен е продаден за неверојатна сума. Ферарито 250 GTO на аукција минатиот месец е продадено за 35 милиони долари.
Овој примерок е од 1962 година произведен за Stirling Moss, а британецот не ни седнал во него.
Автомобилот сепак имал една трка истата таа година, а потоа завршил во рацете на приватни колекционери.
Да се инвестира во овие класични автомобиле навистина се исплати, а тоа најдобро го покажа и последната цена за зеленото Ферари е еден од најчестите коментари на блоговите и форумите. Пред десет години еден холандски бизнисмен го купил за 8,5 милиони долари, а сега истиот достигна цена од 35 милиони долари.