Американска авиокомпанија била приморана да се извини на една жена која во авион влегла со длабоко деколте.
Жената претставена само како Авитал, летала од Лос Анџелес до Њујорк, а челн од екипажот во авионот и рекол дека е непристојно облечена, бидејќи носела памучен фустан со длабоко деколте.
„Несакам мислењето на екипажот за моите гради да го смени мојот начин на облекување. Ќе носам што сакам“, изјавила жената. „На крајот на краиштата, авионот не се сруши, ниту пак моето деколте го расипа“.
Авиокомпанијата се извинала на патничката и понудила да ги ја врати полната цена на картата во знак на добар однос со своите клиенти.