Потребни состојки:
10 парчиња стар леб (без корка)
3 шољи врело млеко
¼ лажичка сол
3 јајца
1 лажица ванилин шеќер
100 гр. шеќер
¼ шоља суво грозје
1/2 лимон
За сос:
4 лажици путер
250 гр. шеќер во прав
1 лажица екстракт од ванила
3 лажици виски или рум
2 жолчки
1 неутрална павлака
Припрема:
Натопете го лебот во млекото и додадете ја солта. Изматете 3 жолчки со шеќерот, додадете ја ванилата, кората и сокот од ренданиот лимон и сувото грозје.
Изматете ги белките во снег и додадете ги во смесата со жолчки, па со оваа смеса прекријте го натопениот леб. Протресете ја тавата за печење и печете во загреана рерна 45 минути на температура од 180 степени.
За сосот промешајте ја павлаката со румот или вискито, шеќерот во прав, путерот и ванилата и гответе на умерен оган се додека смесата не проврие. Тргнете ја од оган, додадете две матени жолчки и вратете ја повторно на тивок оган околу 2 минути.
Во стаклени садови за пудинг ставете од испечениот пудинг прелиен со сосот и послужете додека е топло, но може и на собна температура. Добар апетит!