Со цел обележувањето на роденденот на трагично починатата македонска ѕвезда Тоше Проески, неговите обожаватели, семејството и пријателите, во петокот се собраа на хуманитарниот концерт во Скопје за да го прослават неговиот ликот и делото на нашиот познат музичар.
Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, а погина на 16 октомври 2007 годинаво близина на Нова Градишка. Спомените од него и понатаму живеат во песните кои се слушаат во сите земји на поранешна Југославија.
Триесет и првиот роденден на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески беше прославен со неговата најголема љубов- оперските арии.
Во петокот во Македонска Опера и Балет се одржа грандиозен концерт под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар,со наслов Неговите арии.
На големата сцена, придружени од хорот „Про арс”, Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше Проески застанаа Оперски солисти од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и од Бугарија, како и пијанистот Симон Трпчески и гитаристот Влатко Стефановски.
На двочасовниот концерт беа прикажани и ексклузивни снимки од неговите, први оперски обиди од детството
Како што сите знаеме Тоше беше голем хуманитарец, па затоа и дел од средствата се предвидени за хуманитарни цели.
http://www.youtube.com/watch?v=2s1ubtju4uM
http://www.youtube.com/watch?v=9ex45XTgYsQ&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=3hZIy8U7Gsg&feature=related