Непрепознатлива Kети Пери на насловната страна на Interview!

popara28 февруари, 20121min00
KETI PERI

Некој некогаш рекол дека добриот изглед е најголемата одмазда на поранешните партнери, ако е така, тогаш пејачката Кети Пери е жив доказ за тоа.

Нејзиниот поранешен сопруг Расел Бренд неодамна е виден со својата нова девојка и тоа само два месеци откако тој и Кети објавија дека се разведуваат, но кога ќе ја види Кети на новата насловна страна на магазинот Interview, може и да зажали.

Поп ѕвездата е речиси непрепознатлива и изгледа апсолутно неверојатно на насловната страна од ова списание. Кети дефинитивно ја покажала својата друга страна која досега не сме ја виделе. Со густа црна коса и дебело исцртани линии на очите, пејачката наликува на Елизабет Тејлор од младите денови.

Целата слика да биде уште по сексипилна, тука се и долгите црни ракавици, големите обетки и како главен зачин на крајот, градник со циркони преку кој нема друга облека.

Зашто Кети добила желба за ваква нагла промена, не е познато, но би можело да значи дека сака да покаже колку е храбра, смела и самоуверена и дека не може да ја скрши тоа што се разведува од сопругот и тоа што тој уште пред официјално да се разведат спие во прегратките на друга девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag