Сопругата на Ламар едвај го убедила да имаат секс, а кога се качила на лулашката која самата ја поставила ланците брзо попуштиле, па таа и Ламар паднале на креветот.
Клое Кардашијан (27) подготвена е да направи се за да го направи среќен сопругот Ламар Одом (32). Кошаркарот поради напорните тренинзи е незаинтересиран за секс, па Клое одлучила да го зачини нивниот сексуален живот. Спалната соба ја претворила во ‘комора на љубовта’. Купила лулашка за секс, каква што користеле Памела Андерсон и Томи Ли во секси видеото на медениот месец, и одлучила да ја тестира пред камера.
-Ламар и јас имаме совршен однос. Многу се сакаме и со него се чувствувам секси и полна со самодоверба, вели Клое која покрај лулашката купила цел ’арсенал’ сексуални помагала.
Не сакала да повика мајстор да ја намести лулашката над својот кревет, па ја монтирала самата. Ламар се шокирал кога видел што направила од собата и бил премногу уморен за секс. Клое на крајот сепак успеала да го наговори да испробаат барем некое од помагалата за секс кои ги набавила.
Кога таа и Ламар се ‘фатиле за работа’, лулашката пукнала и тие паднале на креветот.
-Не ја поставив правилно, но што можам, не сум јас мајстор, разочарано изјавила Клое и додала дека барем се потрудила да направи нешто ново, да ги помести границите во сексот.
http://www.youtube.com/watch?v=uKve3zpVRYU&feature=player_embedded