Тој е нејзиниот спасител, кучето секој дневно ја носи боцата со кислород на едно болно девојче и не се двои од неа.
Алида Кноблок од Грузија боледува од ретка болест поради која без кисолород неможе да дише и се гуши. За да има безгрижно детство кучето со име г-дин Гибс ја носи тешката боца на свој грб и постојано е до неа.
Едноставно кучето ја одржува во живот, пишува Дејли Мејл за оваа неверојатна приказна. Гибс ја следи секаде Алида за да може таа да трча и да си игра. Родителите на девојчето сфатиле дека кучињата кои им помагаат на слепите може да и помогнат и на нивната Алида. Така го пронашле Гибс кој е мешавина од златен ретривер и пудлица. Бил на соодветна дресура и од тогаш наваму постојано е со нивната ќерка.