
Да ве запознаеме со Изабела Борчгрејв, белгиска креаторка и уметник која успева од хартија да создаде неверојатни креации кои многу дизајнери неможат да ги направат ниту од материјали.
На прв поглед, креациите на Изабела изгледаат како да се направени од скапи материјали, како свила, памук и дамаск, но всушност сите нејзини креации се изработени само од хартија. Креациите, кои се инспирирани од 18тиот век, се вистински ремек дела, а тоа го потврдува и познатиот француски дизајнер Живанши.
Изабела започнала да работи како сликар, но подоцна открила дека има неверојатен талент за создавање на ремек дела направени од хартија. За изработка на еден фустан на Изабела и се потребни четири до осум недели, во зависност од деталите и самата креација.







