Bodypainting веќе неколку пати не воодушеви, па и овој пат одлучивме да поделиме со вас галерија која тврдиме дека е составена од фотографии од најфасцинантното bodypainting кое некогаш сте го виделе.
Автор на овие дела е уметникот Крег Трејси, кој по неколку години илустрирање за комерцијални цели конечно се пронајде токму во bodypainting.
Крег смета дека не е се откриено и дека и покрај популарното мислење, можно е да се создадат уште многу нови работи во светот на уметноста. Овој свој став го покажал и во своите дела во кои создал неверојатни оптички илузии преку bodypainting.