Неверојатниот остров Страфе во Шкотска

popara25 февруари, 20122min00
interesantno-ostrvo (19)

Страфе, островот на столбовите – Шкотска. Островите се именувани од страна на Викинзите поради неверојатните цилиндрични базалтни карпи. Тој е комплетно од вулканско потекло и се наоѓа околу 10 километри западно од островот Мул. Има површина од 33 хектари. Островот е посетен од голем број познати личности од неговото откритие во 18-тиот век од страна на Сер Џозеф Банкс. Тој бил фасциниран од природната убавина на базалтните столбови и големата главна пештера. Меѓу истакнатите луѓе кои го посетиле овој остров се кралицата Викторија и Феликс Менделсон.

Само едно семејство некогаш живеело на него и тоа во 18 век, иако тоа брзо го има напуштено поради честите и тешки зимски бури. Во последните 200 години е ненаселен. Страфе имаше неколку сопственици, и на крајот заврши како подарок од американецот Џоки Елиот на Националниот фонд на Шкотска 1986 година. Интересно е дека во текот на 1800 година на островот живееле три елени, кои подоцна се заменети со козит. Во лето, на островот служел како совршено место за пасење добиток, сепак, 1997 година донесена е уредбата сите говеда мора да се отстранат од островот, со цел да се опорави вегетацијата на островот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag