Фотографијата на која е прикажана змија која е пронајдена во шумите во Малезија стана интернет сензација. Најголемата змија во светот, од видот боа, наводно ја пронашле работници во шумата чиј терен требало да го исчистат за да почне градењето на нов пат.
Најверојатно додека се копала земјата, работниците забележале крв на почвата, а потоа се појавила змијата. Змијата наводно била мртва кога ја пронашле работниците. Мртвата змија била долга 16 метри, тежела скоро 300 килограми, а наводно била стара 140 години.
Многумина се сомневаа во вистинитоста на оваа приказна и велеа дека се работи за фотомонтажа. Погледнете ја фотографијата и проценете сами: