Неверојатно проклетство: Кога тој дава гол, умираат луѓе.

popara19 февруари, 20121min00
0290007.48

Фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, од 1 мај 2011 година, до денес, има дадено само 4 гола, но интересно кога и да погодил, некоја славна личност брзо потоа починувала. Последната во неверојатниот низ беше Витни Хјустон.

„Проклетството” на играчот на Арсенал започнало на 1 април 2011 година, кога погоди за победа од 1:0 против Манчестер Јунајтед. Само ден подоцна беше убиен Осама Бин Ладен.

Следниот гол на Рамзи беше кобен за Стив Џобс. Играчот на топџиите даде гол во ремито против Тотенхем на 2 октомври, а само три дена подоцна почина основачот на Apple.

Во истиот месец погоди и за победа на Арсенал од 1:0 против Олимпик Марсеј. Тоа се случи на 19-ти октомври, а само ден подоцна беше убиен Муамер Гадафи.

Првиот погодок во 2012 година Рамзи го даде во победата над Сандерленд на 11 февруари. Следниот ден светот го растажи веста дека починала музичката дива Витни Хјустон.

А дека не се опасни само неговите голови, покажува податокот дека на денот кога имал две асистенции починала Ејми Вајнхаус. Имено на тој 23-ти јули против Келн, на два пати инзворедно го проигра Џервињо за победа на Арсенал.

„Загрижен сум работите да не излезат од контрола кога тој ќе даде повеќе од еден гол”, напиша еден навивач на форумот на Арсенал, а на Facebook беше основана група „Одбранете го шутот на Арон Рамзи, доколку не сакате да умрат луѓе”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag