Ви ги претставуваме неверојатните скулптури – дрвја на уметникот Кевин Ирис, направени од алуминиумски жици.
Скулптурите на Ирис изгледаат навистина реалистично, а направени се од вртени алуминиумски жици и ништо повеќе. Тоа подразбира дека уметникот не користел ниту лепак, ниту пак други состојќи, туку со многу трпение и концентрација ги создава своите дела.
Ирис вели дека неговата работа, иако е многу тешка и макотрпна, навистина го исполнува. За да изработи едно „дрво“, на Ирис му се потребни околу 4 месеци работа, доколку работи по 8 часа на ден. Погледнете ги неговите неверојатни дела: