Родителите на малата Изабела Оницуиц тврдат дека таа знае сама да побара млеко, сака да чита и малку разбира романски.
Родителите на шест месечната Изабела од британското место Чиснут, тврдат дека таа сама може да побара млеко, сака да чита и разбира малку романски, мајчин јазик на нејзината мајка.
Дејли мејл, тврди дека тоа е најинтелигентното бебе во Велика Британија.
Нејзините врсници си играат со играчки и носат пелени, но таа секогаш го бара нокширот.
Нејзиниот татко Фин изјавил дека Изабела користи посебни звуци за одредени работи, кои тој и мајката може да ги разберат.
„Сите бебиња гугаат, но Изебела постојано повторува некои зборови. Кога сака млеко таа вика „ех“, кога го сака нокширот вика „бубу“. Мислам дека сите бебиња комуницираат со одредени зборови, но родителите не ги слушаат или пак не ги разбираат“, изјавил таткото Фин.