Крадци му украле полов орган на еден маж додека спие, известила полицијата.
41 годишниот Феи Лин од селото Niqiao од источната кинеска провинција Zhejiang на полицијата и рекол дека спиел кога крадци му влегле во собата му ставиле вреќа на главата, пренесува Huffington Post.
„Ми ставија нешто преку главата, ме соблекоа и потоа побегнаа. Бев во шок и не чувствував ништо. Видов дека крварам и дека ми го отсекле пенисот“, изјавил Лин.
Полицијата верува дека напаѓачите биле љубоморни на неколку локални жени со кои Лин бил во врска. Пенисот не бил пронајден.