Мажите и жените водат постојани спорови во однос на тоа којод нив е склон кон лага и неверство. Многу често изневерувањето на еден од партнерите е причина за скандал или дури разделба. Но тоа е можно само ако неверството биде откриено и има вистински докази за тоа.
Не е тајна за никој, дека во моментите на слабост доста жени се склони да потклекнат на искушението, без да бидат свесни дека тоа краткотрајно задоволство може да го платат со цената на својата среќа и иднина.
Но што треба да правиме ако веќе се случило тоа што се случило? Да признаеме ризикувајќи дека тоа ќе биде крајот или да ја криеме вистината длабоко во нас која долго време ќе ја измачува нашата совест?
Ако не сакаш животот да ти се претвори во еден безкраен порочен круг составен од лаги, болка, нечиста совест, страв…постојано нешто да те јаде од внатре и да не ти дава мир…плашејќи се дека можеби утре некој ќе ја издаде твојата страшна тајна, тогаш не завземај позиција: „Невина до докажување на спротивното“.
Наместо тоа признај ја грешката и покажи дека се каеш. Тоа е најмалку што можеш да направиш за човекот до тебе. Ако станува збор за вистинска, судбинска љубов тогаш тој ќе ти прости! А ти треба да ветиш дека тоа нема да се повтори. Ако го сакаш немаш потреба од друг маж во својот живот. Тој треба да ти биде доволен, тој треба да биде се што ти е потребно…Тоа е љубовта…