Франција, Германија и Шпанија се најдоа на листата земји во кои ќе биде достапен Nexus 7, дознава The Next Web.
Овој таблет засега е достапен само во Австралија, Канада, Велика Британија и секако Америка, но се дознава дека неговата испорака се проширила за во уште три европски земји.
Европската цена ќе изнесува 199 евра за верзијата од 8GB и 16GB од 249 евра.
Компанијата Гугл го претстави овој таблет во јуни месец.