Незнам што е љубовта, но знам што не е…

popara9 март, 20121min00
1

Љубовта не е…

Незнам да кажам точно што е љубовта, зошто мислам дека и јас не знам, но можам од искуство да кажам што таа не е…

Љубовта не е нешто што го поседуваш…

Љубовта не е конкурс за најголемо его…

Љубовта не е само еден човек…

Љубовта не е да ги криеш чувствата од некој, од страв да не го изгубиш…

Љубовта не се случува со помош на алкохол…

Љубовта не е со една ноќ рок на употреба…

Љубовта не е и заблудата, дека ако си доволно трпелив, накрајот ќе го добиеш за награда тој што го сакаш. Впрочем не е и да сакаш по секоја цена да го добиеш.

И да очекуваш некој да се промени поради тебе…

Не е и да правиш глупави нешта од љубов. Љубовта не е разговор во шифри, најмалку пак со реченици кои почнуваат со „ако“…

Да ги пресечеш вените за некого исто не е љубов…

Љубовта не се спомените за некој, ако тие останале во минатото…

Таа не е логика дефинитивно. Не е и толкување на малите знаци…

Таа не сака од тебе да чекаш и да се менуваш за неа или за него…

Се друго е веројатно љубов…

И така, љубовта не е…љубовта не е…

Ајде сите, пејте со мене…

Љубовта не е…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag