Се поголем е бројот на луѓето кои одат на пластични операции за да променат нешто на своето тело, но многу брзо сфаќаат дека станале опседнати. Оваа жена е една во низата на овие примери.
Пола Симондс е мајка на шест деца и на градите мала 12 операции, со цел да се трансфорим ира во L големина. Таа вели дека нема да запре се додека не дојде до најголемите гради на светот. Оваа жена инаку живее во Холивуд, има 44 години, а во моментов се наоѓа на 7-мо место на најголеми гради на светот. Инаку, тие во моментов тежат околу 10 килограми.
Ова не е единственото нешто што на себе го корегирала. Два пати го затегнувала стомакот, четири пати била на липосукција на целото тело, ставала импланти во задникот и го подигала. На крајот на сето тоа еве што вели таа за себе:
-Мислам дека изгледам добро. Се обидувам да изгледам како одреден тип на жени, оние кои потсетуваат на барбики.