Ница…Бисерот на Азурниот брег !!!

popara3 март, 20122min00
g678

Ви го претставуваме космополитскиот и луксузен град Ница …

Се состои од три различни делови: стариот дел од градот, Симез, ( стариот римски регионален центар) и новиот дел од градот. Стариот дел на градот го карактеризираат тесни и криви улички со високи куќи. Градот препознатлив по палми, бучави на плажите, богатите сопственици на јахти и нивните жени кои шетаат по улиците, едноставно „дише“ поради задоволството на неговите туристи.

Новиот дел од градот се протега покрај самиот брег. Негова највпечатлива карактеристика се огромните булевари украсени со палми, тревни површини и цвеќиња кои го одземаат здивот. Овде можете да ги сретнете и познатите холивудски ликови, кои овде доаѓаат со своите јахти. Најпривлечно е „ Англиското шеталиште“ долго 5 километри, на кое се наредени најелитните вили и хотели. Овој кварт е збогатен и со градини, прекрасни паркови, цвеќарници и продавници за сувенири.

Фестивалите и карневалите се манифестациите кои во овој град внесуваат извонредна ведрина,блискост и топлина. Најголем настан е карневалот на тема „ Кралот на сината планета“. Пиењето коктели, крстарењето по заливот Baie des Agnes или едноставно, шетањето покрај бајковитите пејзажи е најдолемото добредојде од овој град кој со задоволство ќе Ви ги прикаже и другите негови активности, кои ги има премногу. А може да биде волшебен и за љубителите на уметноста. Атељето на Пикасо, во дворецот кој некогаш припаѓал на фамилијата Гарибалди, археолошкиот музеј Cimiez, природнонаучниот музеј и уште многу знаменитости кои ќе Ве натераат повторно да се вратите…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag