Ние знаеме што сакаме, но каква шминка ги пали мажите?!

popara14 февруари, 20121min00
xxx

Сите ние знаеме што сакаме, кога станува збор за стил или шминка. Знаеме каков тип шминка ни одговара, или барем така си мислиме. Но незнам дали знаете каков тип шминка ги пали мажите? Неодамна беше спроведена анкета и погледнете какви се резултатите од неа:

64% од мажите го сакаат изгледот наречен гламур девојка. Овој начин на шминкање без конкуренција го привлекува машкото внимание. Како изгледа ваквиот мејкап?  Очите се акцентот, што може да се постигне со сенка, црно моливче или пак туш, а другиот дел од лицето е чист, без шминка: Евентуално малку сјај на усните е прифатено исто така како многу секси. Тешки и силни кармини, не е по вкусот на мажите.

28% од мажите го сакаат изгледот наречен секси заводница. Ова е онаа нападна шминка, што ние ја нарекуваме, а значи силно нашминкани очи и усни во комбинација со руж. Не дека оваа шминка лошо изгледа, но многу треба да се внимава, тоа да биде направено професионално, зошто во спротивно ќе добиете комичен наместо секси ефект.

8% од мажите гласале за изгледот –слатка мала, на мое големо изненадување. Јас бев убедена дека мнозинството  од мажите ќе гласа за природниот изглед, но очигледно јас не сум во право. Но за сите вас, кои го негувате ваквиот стил, го има оној мал процент од 8% кои ќе ја оценат важата природна убавина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag