Српската снаа најдобро знае како да слави, без оглед на тоа што е во поодмината бременост.
Својот 31 роденден Адријана Лима сигурно ќе го запамети по бројните честитки кои ги доби од своите фанови, но и по убавите подароци од нејзините најблиски.Едвај чекаше на сите да им се пофали со убавата торта и балоните, кои ги доби, а потоа ја искористи можноста на сите да им се заблагодари. Им се заблагодари и на своите колешки од познатиот бренд “Викторија Сикрет” , за кој веќе со години работи и им порача дека едвај чека да се врати назад во акција. Адриана добро ја поднесува бременоста, а очекуваме дека многу набргу после породувањето ќе се врати назад на модните писти како што направи и претходниот пат.