Ништо не е сигурно, ама има…едно сигурно нешто за љубовта!

popara7 март, 20121min00
222

За љубовта можеби нема многу 100% сигурни нешта, но едно е сигурно:

Ќе ти помине како на куче!

Сакај, не сакал.

Барем она чувство на пеперутки во стомакот и тоа дека не можеш да дишеш. А она што ќе остане, знае да ти го смени лицето.

Колку и да си мислиш, дека тоа чувство нема да можеш да го преживееш и ќе го поминеш животот сам со една торба мачки за друштво – нема така да биде.

Колку и да си мислиш, тоа е човекот, неизбежно ќе стигнеш до – тоа е човекот од многуте такви и изгледа не е мојот…

Дури и да висиш обесен на здолништето на љубовта, да се влечиш по неа и да тврдиш дека се откажуваш да продолжиш, ако не се случи така како што во моментот чуствуваш и сакаш, биди сигурен дека доаѓа моментот, кога ќе излезеш надвор од себе и ќе погледнеш поинаку…И нема да ти се допадне тоа што ќе го видиш. И разбираш дека тоа не е тоа што ти го сакаш. И неизбежно ќе го пуштиш нејзиното здолниште од рацете…Дури и да го задржиш здивот со детската упорност во отказ да не дишеш повеќе, без да се прашаш себе си ќе вдишеш, дишењето е рефлекс, кој не зависи од слободната волја, и фала Богу не од чувствата.

Другото нешто речиси сигурно за љубовта, е дека постои љубовна амнезија. Односно, кога ќе го прочиташ ова нема да се согласиш со мене, но ќе се вљубиш веднаш штом ќе излезеш надвор, човек ќе си каже ајде пак да пробам, па што биде…После ќе си изградиш илузија на базата на новите пеперутки во стомакот. Ќе си кажеш, е ова е човекот. Ова е тој, а не тој претходно, тој бил само грешка и се така по ред, до следниот погрешен и до новиот вистински…Може да се случи нешто, може и не. Но неизбежно ќе ти мине…како на куче. Еден или друг ден. Тогаш пак ќе страдаш и ќе плачеш и ќе мислиш дека ќе остариш сам со вреќа мачки. И повторно нема да се согласиш со мојава теза. После ќе излезеш и ќе се вљубиш, обземен целосно од таа љубовна амнезија за тоа што било предходно. Безкраен круг и краткотрајна болка, или болка со прекини? Ама како и да е, поминува како на куче:)))

И добро е што е така, или?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag