Ништо не сака, а сè сака..Пенелопе Круз и домаќинка и чистачка!!!

popara4 јули, 20121min00
penelope-cruz-2

Убавата Пенелопе Круз верува дека нејзината професија не е тоа што го сака за себе, а најапсурдно е дека многу повеќе ја преферира улогата на домаќинка отколку улогата на дива која што шета по црвениот тепих.

– Домаќинка сум и тоа е прекрасно, тоа е најдобрата работа во светот. Знам да готвам и важно ми е дека секој ден подготвувам свежа храна. Не сакам диети, единствено се држам до медитеранската исхрана – изјави убавата глумица, а притоа додаде дека ни чистењето не и е тешко. – Одлично се снаоѓам во чистењето, тоа го научив додека го снимав филмот “Volver”. Ликот што го глумев постојано ја чистеше куќата, а кога започнав да се подготвувам за нејзиниот лик, отидов кај мајка ми и сестра ми. Тие мислеа дека нешто не е во ред со мене, бидејќи по цел ден ја чистев куќата!

Единствено кога имате можност да избирате во животот, а вие сте се одлучиле за потешката варијанта, тогаш сфаќате колку во животот малите нешта ве прават среќни. Голем дел од нас сонуваат за луксузни вили, јахти и живот на “висока нога“, а Пенелопе која што сите овие работи ги има се однесува како остатокот од нормалниот свет. Браво за тоа!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma