Уживате во необични нокти и барате нови идеи? Доколку ви здосади користењето само на лак, ви предлагаме да пробате еден од најпопуларните трендови за оваа сезона, односно користењето на нитни за украсување на ноктите.
Нитните се навистина тренди оваа сезона и во облеката, а одлично изгледаат и на ноктите. Лесно се нанесуваат, а постојат безброј начини како да ги вметнете во вашиот маникир. Освен тоа, постојат и огромен број на различни нитни кои одговараат на секакви комбинации, се што ви треба е малку фантазија и трпение. Еве ви неколку предлози.