Њујорк: Едноминутно молчење во знак на сеќавање на жртвите на 11 септември

popara11 септември, 20121min00
g_bliznacki-kuli

Во Њујорк беше оддадена почит со едноминутно молчење во спомен на жртвите од нападите од 11 септември пред 11 години.

Потоа започна церемонија за семејствата на жртвите на местото каде што се издигнуваа кулите близначки на Светскиот трговски центар, разурнати во нападите во кои загинаа околу 3.000 лица.

Едно минутен молк е одржан во 08:43 часот, бидејќи во тоа време првиот авион од редовните линии го погодил Светскиот трговски центар. Било планирано останатите пет напади да бидат извршени во текот на утрото, од кои два во време која кулите пропаднале.

Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга застанале во тишина во Белата куќа.

Никаков политички говор не е предвиден оваа година. Ниту градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, ниту било која друга политичка личност од првиот ред не одржа говор, како во 2011 година, по повод 10 годишнината од катастрофата.