Станува збор за апартманот кој се наоѓа во хотелот “Emirates Palace”, во Абу Даби…
Последната реконструкција на овој луксузен хотел чинела неверојатно 3,8 милијарди долари. Апартманот кој ние денес ви го претставуваме, се протега на повеќе од 600 метри квадратни. Фасцинантниот апартман добил бројни престижни награди, како најдобро хотелско сместување во овој дел од светот…
Апартманот го сочинуваат 3 спални соби, пространа приватна тераса, трпезарија, 3 купатила… Секоја просторија претставува врв на луксузот. Гостите имаат на располагање личен готвач, батлер, бармен – 24 часа на ден.