Супериорниот начин на кој српскиот тенисер стигна до врвот на АТП листата не ги остави рамнодушни луѓето од Спортската академија Лореус, која на гала церемонијата во Лондон и официјално го прогласи Новак Ѓоковиќ за спортист на годината во светот.
Спортскиот оскар сосема заслужено се најде во рацете на Новак, а наградата му ја врачи Борис Бекер. За најдобра спортискта беше прогласена атлетичарката Вивијан Чериот од Кенија, а за најдобар тим на годината фудбалскиот тим на Барселона.
httpv://www.youtube.com/watch?v=K1CWCDYTEw8