Студиото “Paramount”, сопственик на авторските права на делата на Mario Puzo го потврдија снимањето на четвртиот дел од култната сага Corleone.
Приказната од четвртиот дел, ќе биде временски сместенa пред настаните од првиот дел на култната трилогијата во режија на Francis Ford Coppola, а ќе се базира на книгата “The Family Corleone”, која неодамна беше издадена.
Бидејќи борбата за авторски права се водеше помеѓу студиото и синот на Mario Puzo, беше постигнат привремен договор според кој ќе го поделат профит од филмот.
Книгата “Godfather” излезе во 1969 година и веднаш стана бестселер, a нејзиниот автор Mario Puzo и режисерот Francis Ford Coppola го потпишаа еден од најпознатите филмски трилогии во која глумеа познатите Marlon Brando, Robert de Niro и Al Pacino.