Навистина иновативно и привлечно…
Џонатан де Хесус креирал неколку многу интересни дизајни на мобилни телефони и сега се вратил на Crescent Kronos телефон, кој покажува сосема ново лого Crescent Croissant OS. Crescent Kronos е многу моќен телефон, со 2Ghz quad core процесор и 1080p HD екран.
Нуди употреба на гласовни команди, со 100GB простор и користи Crescent Croissant OS. Има безжична база за полнење, најнова WiFi и Bluetooth технологија о може да се користи како модем. Crescent Kronos е 4,7 инчи широк и има дисплеј од 4,4 инчи. Неговата дебелина е 7mm, има Gorilla Glass заштита и опционален 3D диспеј. Направен е од јаглеродни влакна и има апликација која ви озвоможува да ја насочите камерата од 24 MP во било кој предмет или место, а таа ви како кажува името на посочениот предмет.
Задниот дел од телефонот е исто така дисплеј кој ви овозможува да ја менувате позадината на уредот. Croissant OS е сконцентриран на гласовна команда, така што и повиците и пораките ќе бидат ќе бидат на тој начин контролирани. Проверката на календарот исто така.
Со сите овие можности и карактеристики, ова навистина ќе биде телефон на новата ера.