Нов Зеланд – Оаза на мирот, убавината и луксузот

popara31 март, 20123min01
1 (12)

Без разлика за кој остров ќе се одлучите, јужно или северно, ќе Ве опкружи убавината на ова рајско место.

Нов Зеланд е релативно млада островска држава во Јужен Пацифик, и најоддалеченото човечко живеалиште од Европа, на целата Земја. Од минатиот век, ова место е популарна дестинација за светски патници. Порано, најчесто било посетувано од страна на трговци.

Најголем, најубав, но не и главен град е Окланд со 1.330.000 жители. Градот се наоѓа на северен, навистина преубав остров. Освен тоа што од едната страна излегува на Пацификот, а од друга страна на Тасманиското море, она што го прави посебно се  59 вулкани. Секаде се наоѓаат плажи, мали и големи пристаништа и шеталишта. Најголемо уживање ќе почувствувате додека шетате низ заливот Ориентал.

Главен град е Велингтон, најјужното место на северниот остров, кој има 180.000 жители. За време на викенди, овде улиците се полни со улични кловнови, играчи, шетач и други слободни уметници. До местата, кои сигурно ќе Ве воодушеват, Ве води плажа долга 135 километри.

Местото каде што се сретнуваат Пацификот и Таманиското море го карактеризира и голем светилник кој датира од 1879 година. Тука е и заливот во кој плажите се доста питоми и каде можете да се бањате со делфини.

 

One comment

  • Lidija

    31 март, 2012 at 23:11

    Se soglasuvam za severniot ostrov no kako sto gledam go zaboravivte Juzniot ostrov a toj dominira so mnogu pogolema prirodna ubavina.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag