Нова шминка за нова (темна) боја на коса: Виолетово мат, вино боја, сива

popara16 октомври, 20121min00
brunette-beautiful-makeup-and-healthy-black-hair

Дрстична промена на косата подразбира и нов начин на шминкање, а на црнките на усните најдобро им стојат неутралните нијанси, вино боја и виолетова, во комбинација со зачадени очи.

Доколку се решите да ја промение бојата на косата, задолжително прилагодете ја шминката. На блондинките не им стојат истите нијанси како на црнките, затоа својата комплетна шминка треба да ја прилагодат на новата боја на косата. Ако ја обоите косата со некоја темна нијанса, очите шминкајте со неутрални нијанси затоа што многу лесно може да постигнете контра ефект.

Вино боја

На црната коса најдобро и прилагаат каримите со неутралните нијанси, но вино бојата е особено популарна оваа сезона. На црнките одлично им прилегаат и виолетовите нијанси, но исклучиво мат и потребно е секој да си пронајде нијанса која ќе му одговара најмногу.

Бронзерот го ублажува контрастот

Бледа кожа и темна коса создаваат преголем контраст поради кој можете да изгледате уморно. За да го избегнете тоа, користете бронзер кој ќе му даде природен изглед на вашето лице и здрав сјај.

Веѓите истакнете ги со кафено моливче

Тоа што имате црна коса,не значи дека и вашите веѓи треба да бидат црни. Напротив, понекогаш тоа може да изгледа неприродно, па за да го избегнете тоа, веѓите истакнете ги со нежни нијанси на кафена боја.

Мејкап варијанта за секој ден

На црнокосите жени  со светол тен најдобро им прилагаат ружастите нијанси на руменила, затоа што на кожата им дава здрав сјај. А кога се работи за шминка за дневни варијанти одлично и прилегаат нежно розевкасти сенки и кармини.

Жените со средно темна боја на кожата одлично и стојат нежно розевкасти сенки како и на оние со светла кожа. Но сепак шминкерите за усни препорачуваат темни виолетови тонови.

На темниот тен најдобро му прилега бојата на виното и валкано розевкасти тонови на образите. Освен тоа, очите најдобро ќе дојдат до израз ако ги нагласите со кафени нијанси или пак вино боја.

Вечерен изглед за сите типови жени

За разлика од дневниот изглед, со вечерниот мејкап може да бидете малку посмели. Црнките за разлика од блондинките не може да погрешат со ладните сиви и лилаково плави тонови, додека на оние со темен тен најдобро им прилегаат виолетовите нијанси со примеса на розево. Темно виоетова сенка може понекогаш д аизгледа претешко, а на темниот тен добро прилегаат зачадените очи во сите нијанси.

Жените со средно темен тен може да си дозволат и сиви и лилакови нијанси со розеви тонови, а усните може посебно да ги исакнат со сјајни виолетови нијанси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag