Едноставноста е клуч на новата кампања на ЗАРА за есен/зима 2012/2013. Фреј Бех Ериксен позира во најновата колекција на шпанскиот бренд, а целата кампања во црно – бела техника ја снимил фотографот Дејвид Симс.
Оваа есен, ZARA слави женственот на класичните дневни парчиња, како сако, здолниште, фустан и капут.
Материјали како кожа со нитни, нагласени рамена и половина и светкави моменти носат освежување во најновата колекција.