Новата есенска колекција чанти на модниот гигант не импресионира со исчистениот и елегантен облик на своите модели, што накратко се нарекува – минимализам. Минимализмот како правец во модата има сила да внесе висока класа и стил во целокупниот стајлинг на жената што поседува ваква чанта.
Модната линија е дело на новиот креативен директор на брендот, Клер Лајт Келер чии модели го носат нејзиниот печат – минимализам инспириран од градскиот шик.