Нови тајни излегуваат на виделина: Мерлин Монро завела 16-годишно девојче!

popara28 јули, 20121min00
мерлин

Иако за неа воздивнивале мажите низ целиот свет, најпознатата светска русокоса повеќе уживала во женско друштво.

Новата книга ‘Marilyn Monroe: My Little Secret’, која ја потпишува Тони Џерис, излегува на 50-годишнината од смртта на Мерлин Монро, а открива многу нови детали за познатата русокоса. Книгата е раскажана преку сеќавањата на Џејн Лоренс кој открива дека во педесеттите години, Мерлин завела 16-годишно девојче која го о0сновала првиот нејзин клуб на обожаватели.

“Таа се наведна и ме бакна со полни усни, многу нежно и бавно. Јас се скаменив”, се сеќава Лоренс. Тврди дека со тогаш 29 годишната Мерлин станала многу блиска и станала нејзина “мала тајна”.

“Џејн ја запознала Мерлин кога имала 12 години. Набрзо станале блиски пријателки откако сфатиле дека биле во исто сиропиталиште во различни периоди на нивните животи. Иако Мерлин била 14 години постара, ниту една од нив не го познавала својот биолошки татко”, открива авторот на новата книга.

“Станале блиски пријателки, бидејќи имале многу допирни точки. Џејн се борела со својата сексуалност, а за тоа зборувала со Мерлин. Таа наводно ја охрабрила велејќи дека без оглед на сексуалната ориентација, љубов – љубов “, додава тој.

Иако како тинејџерка имала односи со други девојки, открила дека таа ноќ во дамнешната 1955 година, целосно и се изменил погледот на сексот. “Со девојки имав секс, но често срамежлив и неодлучен, за разлика од гласната страст и сигурноста која ја покажа Мерлин”, вели Џејан Лоренс која сепак не верува дека Мерлин била лезбејка. “Тоа беше само еден слободен дух. Беше многу отворена”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma