Досадно ли ви е во спалната соба? Тогаш крајно време е да ја разбиете рутината и да пробате нешто ново, нели?
Афродизијаци – може да ви звучи откачено но ако користите храна што ја стимулира сексуалната желба ќе бидете многу пријатно изненадени од ефектот. Сексот подолго ќе трае, а интензитетот на оргазмот ќе биде појак.
Перници – тие ќе ви помогнат да погледнете на сексот од друг агол. Сигурно сте слушнале дека перниците се користат во некои секс пози со цел да го подобрат аголот на проникнување и да го извлечат максимумот од сексуаниот чин. Не ги запоставувајте! Тие често се околу нас кога правиме секс но ако ги вклучите активно во актот, верувајте нема да се разочарате.
Тројка – овој совет е малку деликатен и ризичен но сепак постои како тенденција во сексуалните активности. Се повеќе луѓе се ослободуваат од нормите и сакаат да пробаат нешто што е „забрането“. Но за ова е важно двајцата партнери да го сакаат ова и на тоа да се гледа како на вид забава што ќе нема никакви ефекти на врската потоа.
Скајп секс – во денешнава виртуелна реалност скајп сексот е се позастапен. Ваквиот секс може да се применува само со помош на телефон во интимната атмосфера на вашата спална соба. Друга опција е да пишувате на партнерот отспротива и тој да ги исполнува вашите желби. Да маструбира, а вие истовремено да го правите истото. Варијантите се многу и можете да пробате, зошто не? Што има лошо во тоа да го збогатиш својот сексуален живот со нешто ново?