“Породилното отсуство“ заврши. Пејачката после четири години пауза почна да работи на нов албум.
Pink својот последен албум “Funhouse” го објави во 2008 година, а во меѓувреме ја продолжи врската со својот поранешен дечко, стана мајка, објави албум со хитови и сега е време за нов албум.
“Им ветувам на фановите дека нема да снимам албум полно со приспивни песни, но можеби ќе ми се “протне” некоја. Сепак, јас сум мајка која нејзината ќерка успева да ја заспие со песната”You Are My Sunshine”, изјави Pink.
Косата повторно ја офарба розово и на својот Твитер профил, напиша: “Знаете што значи тоа – време е за нови песни”.
Датум на издавање на првиот сингл и албумот сеуште не е позна, но познавајќи ја Pink, тоа ќе биде наскоро, многу наскоро.