Компанијата Bugatti потврди дека работи на наследникот на актуелниот Veyron, а производството на новиот модел треба да почне во 2014 или 2015 година.
Во изјавата за британскиот Autoexpress главниот инженер на компанијата Јенс Шуленберг, открил дека најголемиот предизвик во конструкцијата на новиот Veyron е да се намали тежината на овој автомобил. Хибридниот мотор е нешто за што најмногу размислуваме, изјавил тој.