Бијонсе веќе призната како музичар, актерка и уметник, а сега се подготвува за нова улога.
Изгледа дека Бијонсе ќе се обиде како режисер и тоа во филмот за својот живот.
Според странските медиуми, Бијонсе задните неколку недели работи во холувудските студија. За потребите на биографскиот филм, Бијонсе ќе го продуцира и режисира истиот материјал.
Во филмот ќе се најдат досега невидени видео материјали од концертот, како и детали од нејзниот успешен живот, како професионален така и приватен.
Бијонсе до сега играла во неколку филмови, а Клинт Иствуд ја сака токму неа за римејкот на филмот ‘A Star Is Born’ поради што се согласил на одложување на снимањето на филмот, бидејќи Бијонсе на почетокот на оваа година го роди своето прво дете, Блу Ајви.