Дека премногу тешко можете да се збогувате од домашно милениче знае и Victor Frankenstein, главниот протагонист на новиот анимиран филм на Tim Burton, под името “Frankenweenie”. Сепак, Victor не сака да ја прифати реалноста и презема екстремни мерки за да го врати своето куче назад меѓу живите. Но, како што вообичаено се случува во филмовите на Burton, се покажува како на Victor тоа и не му е толку добра идеја.
Овој филм го означува враќањето на Burton назад во “светот“ на анимациите, бидејќи неговиот последен проект од овој жанр беше во 2005 година во филмот “Corpse Bride”. Покрај Charlie Tahan кој го позајми гласот за Victor, во филмот ќе бидат дел и Winona Ryder и Catherine O’Hara.
httpv://www.youtube.com/watch?v=H1yR-gEldC4